| За персоната и персонализмот |
|
|
|
Персоналитет (personalitas) е целина на она карактеристичното, типичното, според што може да се спознае прикажаното лице.
Во филозофијата персоната е често означена како умна битност, самосвесен индивидуум, самоодговорно Јас што може слободно да дејствува и да ја следи сопствената цел. Следствено, неперсоналното значи наедно и недостаток на сопственост и самосвест, па носителот на неперсоналноста е примитивен, нагонски субјект или, уште повеќе, објект, ствар. Изразот persona grata значи радо видена, омилена личност. Тој посебно се однесува на дипломатски претставник кој со своето однесување не дава повод за негодување на земјата кај која е ополномоштен. Persona non grata е неприфатливо, неподобно лице, дипломатски претставник кој во земјата каде што ја врши својата функција од одредени причини (на пример поради шпионажа) станало неподобно, па се бара негово отповикување. Државата која го прогласува дипломатскиот претставник за persona non grata не е должна да ја образложува таквата своја одлука, а земјата чиј е тој претставник е должна да го отповика. Персонализмот е филозофски поглед според кој најголема вредност е човечката личност (персоналност), а најбитна етичка должност самостојното и единствено дејствување на личноста. Терминот први го употреубваат В. Витмен и Б. Алкот (1860), но како посистемски изложен филозофски поглед се јавува дури на почетокот од 20-от век во делата на Ш. Ренувиер и В. Штерн. Во различни психолошки, „критички“, теолошки и етички варијанти персонализмот истакнува дека е се од стварносно персонална природа, па персоналните вредности, како вредности на специфичен карактер, се остваруваат во чист акт (М. Шелер и др.). За разлика од „обичната“ поединечна индивидуалност, која се реализира и покажува во функцијата и која нема „сопствена вредност“, персоналноста во многу понови, претежно идеалистички и феноменолошки ориентирани етики се доживува само како интенционален акт и „непосредно содоживеано единство“. Многу елементи на персоналистички погледи наоѓаме уште во антиката (Хераклит, Сократ), а Лајбницовиот и Берклиевиот филозофски систем или рефлексиите на Мајн д Биран се проткаени (иако тргнуваат од различни позиции) со многу идентични тези за улогата и значњето на персоналноста. Системски со таа проблематика подоцна се занимаваат американските филозофи Боун, Ховисон, Ројс и др., а најзначаен претставник на новиот француски персонализам е Е. Муние. Сите тие многувидни, често и спротивни тенденции понекогаш ја изолираат персоналноста од општествените и историските компоненти, па нејзината независност и автохтоност ја засноваат на по себе опстројувачката хиерархија на вредности или на поширок панпсихистички идеализам. |







Терминот „персона“ има повеќе значења. Најнапред тоа е личност, лице.Во првобитното значење е маска која му служи на глумецот, а потоа и улога која глумецот ја игра.













