НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home БИЗНИС КЛИМА Микс маркетинг Зa заработката преку Интернет
Зa заработката преку Интернет Печати Е-пошта

Интернет бизнисИнтересни сознанија, размисли, ставови и искуства за значењето на присуството на Интернет, како и можностите што тој ги нуди во маркетингот и бизнисот, на светски познатата американска консултантка Д-р Clarisse Behar Molad.

Нејзина специјалност се проекти на интеграција на претпријатието во разновидната и променлива глобална околина.

Д-р Molad завршила докторски студии од „Управување со меѓународното работење“ („Global Business Management“) и магистерски студии од „Деловни комуникации“ („Business Communications“). Остварила извонредни резултати во креирањето и водењето на мултинационални конзорциуми со ориентација на развој на информатичка технологија.

Работела на проектите: примена на компјутерски системи во маркетингот и присуство на Интернет, за големи светски компании, анализа и вреднување на CAD и EDI софтверот, примена на електронското раобтење во петрохемиската индустрија, стандардизирање на податоци во процесната индустрија и др.

Д-р Моланд за потребата од Интернет маркетинг:

“Сите бизнисмени би требало да ги знаат мошне добро своите online пазарни потенцијали пред да тргнат во создавање на свое Web присуство. Ако не можете да го поддржите својот online бизнис со робусна интернет стратегија (интерна организација на фирмата), подобро е да почекате до моментот кога сте ја простудирале ситуацијата и стратешки сте се подготвиле за нејзините последици“.

За сајтот како прв чекор во Интернет бизнисот:

„Web сајтот не е печатена брошура што ја оставате во поштенско сандаче надевајќи се дека некој ќе ја собере и ќе го искористи отпечатениот број на телефонот да ве повика. Тоа е комплетно нов начин на разбирање на работењето. Компанијата треба да реализира online инвестиција на подолги патеки, дури и ако тоа значи бавен напредок. Важен дел на оваа стратегија е секогаш да се оди напред, секогаш да се слушаат и предвидуваат вашите потреби на пазарот“.

За продажбата преку нарачки на Интернет:

„Познато ми е дека продажбата преку кредитни картички во многу делови на светот надвор од САД не е доволно развиена, од причина што недостига финансиска инфраструктура. Мислам дека ваквата состојба е прилично логична, со оглед дека морате да имате развиена инфраструктура и да го прифатите ваквиот начин на работење од страна на јавноста. За вашиот Web бизнис да го базирате на системот на продажба преку кредитни картички“.

За моментната состојба на глобалниот Интернет маркетинг:

„Мислам дека развојот на тотално нови модели на работење е највозбудливата вест во Web работењето (Web commerce). Исто така, мошне интересен е развојот на нови информатички дигитални производи со виртуелни пакувања

(virtual packaging). Најинтересно од се е појавувањето на нов економски светски поредок кој почна да се развива“.

Д-р Моланд за шансите на претпријатијата на Интернет пазарот и пробивот на глобалниот Интернет пазар:

„Колку повеќе минува времето, шансите ќе бидат се помали поради глобалната природа на многу случувања во Web работењето. Вистинската шанса лежи во креирањето на локални виртуелни пазари, кои ќе помогнат во култивизирањето на корисничката база на која и се тие посветени (cultivate a dedicated users' base). Освен тоа, отворената телекомуникациска инфраструктура, која може да ја си обезбедат голем број на компании и корисници, може да донесе голема промена“.

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top