| Се за јајцата |
|
|
|
И не само тоа, има и многу други позитивни особини: тоа е мошне штедар, а истовремено евтин извор на високо вредни протеини и исклучително богатство на витамин Б12 и минерали. Негативности: повисока содржина на холестерол, јајцето е често причина за алергии предизвикани со исхрана, а може да пренесе салмонела ако недоволно се свари. Квалитетот на протеини во јајцето е поголем од оние содржани во месото , затоа што содржи поголеми количества на аминокиселини, лизин и метионин. Овие аминокиселини се есенцијални (не можат да се синтетизираат во нашиот организам и мораат да се земат преку храна) и се основа за здрав и правилен развој. Јајцата содржат бројни витамини. Најмногу се истакнуваат А, Б1, Б2, а посебно треба да се истакне Б12. Имено, витаминот Б12 е спој кој обезбедува правилно искористување на железото и правилно созревање на црвените крвни зрнца. Нужен е за нормален раст и иссхрана на сите станици. Јајцето е продукт кој им се препорачува и на лица кои боледуваат од хронични болести на црниот дроб! Само оние кои патат од камен во желудникот мораат да го избегнуваат, зашто е докажано дека го поттикнува настанувањето на грчеви во подрачјето на жолчната кесичка. Многумина ги избегнуваат јајцата, мислејќи дека се тие продукт кој тешко се разградува и на некој начин го оптоварува варењето. Тоа е само делумно точно, зашто во многу зависи од начинот на подготвување. Во организмот најдобро се разградува јајце варено 6-7 мин., додека најдолго печеното. Колку јајца можеме да изедеме пред холестеролот во жолчката да почне да претставува проблем за организмот? Истражувањата утврдиле дека сигурна граница е неделно да не се јадат повеќе од 4 јајца. Едно јајце тежи околу 55 грама и во него има околу 7 грама протеини и 6 грама масти. Од тие масти помалку од 2 грама се масни киселини. Една жолчка дава околу 270 милиграма холестерол, а во повеќето европски земји се препорачува конзумирање до 350 милиграма холестерол на ден. Еве некои особено интересни нешта за јајцето : -На кокошката и се потребни 24 до 26 часа за да создаде јајце. Кога ќе го снесе, веќе по 30-тина минути создава ново; -На површината на лушпата од јајцето се наоѓаат околу 17.000 ситни пори низ кои јајцето може да впива мириси, па и вкусови; -Јајцето повеќе созрева за само еден ден на собна температура, отколку за недела дена во фрижидер; -Околу 240 милиони кокошки несилки снесуваат повеќе од 5 ипол милијарди јајца секоја година во САД; -Јајце со бела лушпа несат кокошки со бели пердуви, додека јајце со кафеава несат кокошки со црвеникави или кафеави пердуви; -Бојата на жолчката зависи од тоа со што кокошката се храни; -Ретко се случува млада кокошка да снесе јајце без жолчка, но тоа е сепак можно; -Сите кокошки понекогаш снесуваат и јајце со две жолчки; -Кога ќе се свари јајце од пајка, белката станува синкаста, а жолчката- портокалова; -На секои 20.000 јајца, во просек, едно е заразено од салмонела и поради тоа е опасно по здравјето на луѓето; -Речиси стотина метри летало неварено јајце од кокошка, и тоа е светски рекорд во фрлање во далечина на кокошкини јајца кој е забележан во Гинисовата книга на рекорди; -Белката ја сочинуваат 60% од тежината на јајцето. |







Погрешно мислење: јајцата се висококалорични и придонесуваат за дебелеење.













