НАСЛОВНА ЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЕДУКАТОР MODUS VIVENDI AJ VOX POPULI БИЗНИС КЛИМА ВРЕМЕТРАЕЊЕ КРЕАТИВЕН РАКОПИС
Home Home VOX POPULI Ука и поука За нашево време и за утрешот
За нашево време и за утрешот Печати Е-пошта

Македонски фолклорДве куси македонски приказни за ука и поука, за паметење. Може и за думање- колку се за во нашево време, а колку за нашиот утреш. Едната е за зарекот, а другата за една инатчијка жена.

За зарекот

Не чинело чоек да се заречит! Мнозина што рекле:

-Да исчекам да оженам сина ми, да макар и на свадбата ако и да умрам!

-Туку да исчекам лето да и напраам куќите и да седнам внатре, само една година, да и ако умрам после да не жалам!

Едни рекле:

-Туку илјада грошеи да клаам в кесе и после ако умрам, не ќе жалам!

И завистина, мнозина исто се зарекле со ваквие зборој и со друзи како нив, сите умреле. Ете затоа не чинело да се заречит чоек оти непендек било и умирал.

Не е бричено, ами стрижено

Ете како се инатила една жена. Мажот је видел едно дете гологлао, бричено и је рекол на жената:

-Види, жено, како е бричено во глаата.

Бидејќи таа била инатчија, му рекла:

-Море, не е бре домаќине, бричено, оти е стрижено.

И така се инатиле многу време. Најпосле је послал мажот едно веленце над еден бунар и је рекол да не седнуа на веленцето, а таа бидејќи инатчија седнала и пропаднала во бунаро, ватила да се давит во водата и је свикал мажот:

-Мори жено, мори, речи оти детето беше бричено за да те изваам  да не се удаиш.

Чула од вода и изваила десната рака наугоре, та ватила со двата прста да му кажуат на мажа је оти како што сечат ножиците, демек стрижено беше детето, стрижено. Така праеше, чунки устата је беше полна со вода, та не можеше да му прогоорит.

-Тув инатчијка жена- беше рекол мажот је- се удаи и од инатот назад не се врати!

 
Банер

 

Почни го денот со ПАНОПТИКУМ

 
 

 

  Top