Малку познато, ептен непознато, откриено, сознаено: вести и информации на светските агенции за некои бизарни нешта:
-Зошто имаме веѓи?;
-Суперјахта- господар на морето;
-Претеризам: измама на казино за премија од 43 милиони евра;
-Електронската цигара штетна по здравјето;
-Како се прави полициски сендвич;
-Не е така лошо во студени денови да имате малку секс;
-Да не сте биле и вие грабнати од вонземјани? Проверете.
Освен што ги спречуваат потта, дождот и разни честички непречено да ни паѓаат в око, веѓите имаат и битна функција во дефинирањето на лицето.
-Во едно најново истражување е утврдено дека испитаниците можат да препознаат сенасе 46% славни лица ако дигитално им се отстранат веѓите, додека познатите лица без очи, но со веѓи, можат да бидат препознаени во над 60% случаи.
Освен што го дефинираат лицето и помагаат во чувањето на очите од спомнатите несакани „гости“, веѓите имаат и своја естетска функција, но и помагаат во пренесувањето на емоции зашто јасно ги истакнуваат цртите на челото кои се менуваат кога сме лути, изненадени или преплашени;
Кино, базен, стаклен хелиодром, терен за голф и други придружни „луксузни ситници“ се само дел од најновата суперјахта „Sovereign“, долга 100 метри. Нејзината цена е 132 милиона долари.
-Фирмата „Gray Design“, специјализирана за суперјахти, лимузини и други визуелни екстраваганции, ја гради „Sovereign“ (Господар) јахтата за оние кои сакаат да владеат со морето.
Се чини дека ниту големите приватни соби, 10-те апартмани за гости и елегантниот ноќен клуб не се доволни, бидејќи заедно со јахтата по желба идниот сопственик може да добие и лимузина со идентичен дизајн или кој било друг автомобил со кој можат да се возат по палубата. Се разбира, со специјалниот автомобил оди и специјална гаража.
За „скромната цена“- 132 милиона долара, сопственикот на „Sovereign“ ќе добие мебел што го дизајнирал „Армани“.
„Размислувавме за прототипот на лицето кое би се возело на јахтата и помисливме „Како тоа се вози на копно?“. Па, со лимузина. Така и дојдовме на идеја дизајнот на јахтата да го поврземе со дизајнот на лимузината и да направиме неверојатна комбинација која е единствена на светот“, изјавил директорот на „Gray Design“, Едвард Греј.
Јахтата исто така ги исполнува еколошките стандарди, зашто поседува огромни турбини кои произведуваат електрична струја.
Единствена работа која „Господарот на морето“ нема да ја поседува е, за жал, брзината. Имено, суперјахтата достигнува најголема брзина од 30 јазли, што е всушност прилично брзо за пловило со оваа големина, но разочарувачко за големите љубители на брзината;
Еден коцкар се обидува на суд да докаже дека казино го измамил за премија од 43 милиони евра.
-Бехар Мерлаку од Австрија се коцкал на машина позната како „овошнички“ во Брегенц и ја освоил премијата.
Меѓутоа, управата на казиното неговата победа ја прогласила за софтверска грешка. Му понудила „утешна“ награда од 70 евра и купон за бесплатна вечера.
Вистина, на апаратот се „поклопиле“ само 4 од 5 сликички на овошни плодови, но машината испишала џекпот од 43 милиони.
Мерлаку сега на суд бара да му се исплатат „барем“ неколку милиони. Управата на казиното, пак, вината ја префрлува на производителот на машината и се повикува на австриски закон кој наведува дека џекпот на машините не може да биде поголем од два милиона евра;
Во Грција на јавните места ќе биде забранета употребата на електронски цигари што се користат за одвикнување од пушењето, а одлуката уследи откако Националната агенција за лекови утврдила дека некои од овие цигари содржат хемиски никотин.
-Генералниот секретар на грчкото Министерство за здравство, Андонис Димопулос, појасни дека употребата на електронската цигара ќе биде забранета во јавен затворен простор. За непочитување казната за физичко лице ќе биде од 50 до 500 евра, а за сопственикот на објектот 1.000 евра.
Илјадници граѓани реагираа остро на забраната, јавија грчки медиуми.
Државната хемиска лабораторија, која ги вршела испитувањата, соопшти дека електронските цигари содржат никотин и оти до сега не издала лиценца за продажба на овој производ на грчкиот пазар;
Кетеринг компанија во Шкотска добила упатство на 45 страници за правење на сендвич за полицајци!
-Полицијата во Единбург и доставила на кетеринг компанија упатство од 10.000 зборови на 45 страници за правење на совршен сендвич за ланч- пакет за полицајци.
Лебот мора да биде багет со должина од 28 сантиметри, а полицајците би требало да избираат помеѓу бел (75%) и црн леб (25%). Понудени се 17 одобрени „елементи“, помеѓу кои се сирењето бри и брусница, чаден лосос и крем сирење, ракчиња и мајонез и др.
Со сендвичот би требало на секој полицаец да му се достави и кесичка квалитетен чипс кој не смее да содржи помалку од 34,5 грама, како и минерална вода од еден од изворите во Шкотска.
Фирмата која ќе им излезе во пресрет на овие барања ќе се „омрси“ за 70.000 фунти, но ќе мора да направи 7.500 сендвичи во согласност со деталното упатство.
Една неодамнешна анкета спроведена помеѓу полицајците во Шкотска покажала дека, кога се во прашање условите за работа, најголемиот број од нив се жали токму на храната на работа;
Ако во зимските денови немате секс колку што сакате, знајте дека тоа и не е така лошо. За да сочуваат што повеќе калории кога имало најмалку храна, нашите предци во текот на зимата развиле состојба на хибернација, или просто речено- штедење. А во него го „пресметале“ и сексот.
-Меѓутоа, денес имаме доволно храна, па треба само да го победиме дарвинизмот во креветот. Еве како:
Имитирајте лето
Трикот е во тоа да го измамите телото да помисли дека е се уште лето. Инвестирајте во лампа или штедлива сијалица со сина светлина, зашто во студијата објавена во Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism откриле дека сината светлина го ресетира циркадијалниот ритам на телото да помисли дека е надвор прекрасен сончев ден.
Циркадијалниот ритам е биолошки дневен ритам на кој е навикнато нашето тело и во мозокот го регулира производството на хормони, дејствува врз срцето, црниот дроб, желудникот и другите органи, а го поддржува и правилното функционирање на целиот организам.
Уште поедноставен метод е да ја даунлодувате BluWave апликацијата на својот iPhone и да се опуштите како на плажа, советува магазинот Mens Health.
Избегнувајте алкохол
Во студијата објавена во American Journal of Physiology е утврдено дека алкохолот влијае врз телесниот часовник и додатно го намалува нивото на енергија, а тоа ви треба најмалку во ситуација кога веќе паѓате во својот зимски сон.
Наместо пијалок, научниците препорачуваат да изедете риба, бело месо, зашто овие продукти се богати со серотонин кој е зиме на најниско ниво.
Намалете ги килограмите
Во периодот на слави и празници мажите добиваат најмалку 2 кг повеќе, особено оти е зима и потребите од храна се поголеми. Истражувањето на Универзитетот Дјук докажале дека на мажите им се намалува либидото со зголемувањето на телесната тежина.
Затоа водете сметка, барем намалете го внесувањето на слатки и немојте со нивна помош да ја кревате енергијата, зашто истражувањата покажуваат оти токму слатките моментно го соборуваат нивото на тестостеронот, што воопшто не ви оди во корист;
Приказните за грабнувања на вонземјани не се ништо ново. Но ако се сомневате дека сте биле грабнати, а сепак не сте сто на сто сигурни, еве 6 знаци според кои можете да знаете дали сте или можеби сте биле гостин на вонземјанско парти.
1.Имате дупки во сеќавањето или некој вид на „блокада на меморијата“
Дупките во сеќавањето или блокадите најчесто се јавуваат од очигледни причини- удар во главата, топлотен удар или, пак, премногу испиен алкохол. Но, ако тоа се појавува континуирано без очигледни причини, жртвата наеднаш се наоѓа на некое место без да се сеќава како таму стасала, не може да се сети што се случувало во последните час- два, тоа е еден од сигурните знаци на можно грабнување од страна на вонземјани.
2.Имате на себе необични знаци или лузни, а не знаете од кај ви се.
Чудни знаци, деформации или лузни што ги немате од раѓање, а не знаете ни како сте ги „заработиле“, се исто така еден од знаците дека можеби ве „собрал“ некој неискусен вонземјанин. Можеби некаде во вселената постои лице клонирано од делови на вашето колено или лакотот.
3.Повремено имате силни „флешови“ на чудни настани, а немате поим кога и дали воопшто сте ги доживеале.
Искуствата во кои се вклучени големи емоции или некоја траума трајно остануваат „запишани“ во нашиот мозок. Акјо ве грабнале вонземјани, тоа сигурно може да се нареди во травматичното искуство. Затоа не е необично жртвата на грабнувањето да има „флешови“ на маси за прегледи, блескава светлина, чудни лица и слично.
4.Сте се разбудиле со болка во гениталиите/ анусот, но за тоа немате логично објаснение.
Ако веќе подолго време немате сексуални односи, а болката во интимните делови на телото не можете да јаобјасните на кој било друг начин, тоа може да биде уште еден од показателите дека ве злоставувал некој сличен на E.T.
5.Имате фобија од очи или сонувате „нечовечки“ очи како се џарат во вас.
Неколкумина луѓе од едно гратче во Алјаска рекле дека пред габнување низ прозорецот гледале како во нив се џари бел ут. Една од теориите е дека тие луѓе во суштина се сеќавале на огромни очи на вонземјани. Можните жртви на грабнување од вонземјани имаат „собрано“ силни сеќавања на очи што, пак, може да се претвори во фобија од очи воопшто.
6.Сте искусиле необјаснива парализа, посебно в кревет.
Можеби се интелигентни, но според повеќето кажувања не се баш многу. Затоа парализата им е едно од омилените „оружја“ со кое се користат за да грабнат Земјани, посебно ноќе. Многумина кои тврдат дека ги грабнале вонземјани велат дека пред тоа не можеле да се помрднат од креветот, т.е. дека искусиле нешто како привремена парализа. Скептиците би рекле дека се работи за пореметување што се вика „парализа на спиење“, но ако покрај парализата ги имате и другите, претходно наведени знаци, тогаш...