
Освен постојаното, од минута во минута информирање за актуелностите во светот, новинските агенции ги „покриваат“ и секојдневните обични и необични настани и случувања на и за ѕвездите од филмската и музичката сцена.
Бројни медиуми- печатени, електронски и сајтови на Интернет, се „полнат“ само со такви вести и информации со максимално секојдневно ажурирање.
„Паноптикум“ е сајт од поинаков формат, па рубриката „Ај“ со неколку подрубрики, како сите други, се богати одвреме- навреме.
Овојпат од и за Роби Вилијамс, Џони Деп и Анџелина Џоли, Кејт Ричард и Камерон Дијаз.