Кој ли го направи околу тебе? Кој ти го направи? Ниту ред да фатиш, ниту мир да си вратиш. Од каде да почнеш, има ли почеток или е се само крај? Секој секому виновен, никој никому одговорен.
Кога не сме ни ваму ни таму, а и не сакаме да бидеме, секој трга на своја страна и гледа што повеќе за себе да земе од заедничкото, да оттгрне, да грабне. Му се може, му се дало, па си зема, си граба, си краде.
Предупредувањето на Шефер дека постои реална закана за ракетен напад на Европа изненади многумина, но во меѓувреме сомнежите се потврдија: дека зад тоа се крие оправдување односно поддршка на планот на САД да изгради систем на ракетна одбрана на европско тло, а на што жестоко реагира Русија.
Зголемувањето на бројот на жителите на планетата Земја до 2050. година предизвикува загриженост и предупреда: проблемите поврзани со егзистенцијата, поточно преживувањето на луѓето (економско- социјалните) во наредните години и децении ќе се зголемуваат со геометриска прогресија. Не само во сиромашните и средно развиените, туку и во земјите кои сега (утре можеби не) се дел од развиениот свет.