Кој ли го направи околу тебе? Кој ти го направи? Ниту ред да фатиш, ниту мир да си вратиш. Од каде да почнеш, има ли почеток или е се само крај? Секој секому виновен, никој никому одговорен.
Не може долго времево да ни оди вакво. Во неред и непредвидено, од никого неконтролирано. Денес вакво, утре поинакво, задутре никакво! Во еден ден различно! Мора да го зауздаме, да го издумиме, ништо изненада да не прави.
Нема живот од денес до денес. Мора да се мисли на утре и на дните што ни идат по утре. Не се може без долго време.
Хаосов мораме да го зауздаме. Мораме ред да направиме. И во тоа што го работиме, и во она што други го работат, и во се она што други ни прават.
Вака веќе не оди, вака веќе не се може. Хаосов не смее да трае долго. Ќе не направи хаотични, ќе не заборави индивидуални.
Болно е средувањето, ама мора да се издржи. Во се да се стави ред, па после со ред се да се прави. Почнавме, да не запреме.
Само едно ме плаши:
Можат ли оние што хаос направија сега и ред да стават, со ред се да направат? Не треба ли нови луѓе тоа да го прават?