нешто се случува изгоро непрегоро
или ништо за паметење
откако ти објавив дека веќе ме нема
ниту со тебе ниту крај тебе
ниту пред тебе а ни по тебе
можеби само молскотна помисла
дека сме биле некое време заедно
во обид да ја повратиме земјата
да раѓа се што може
да плодува свет вековит и стамен