Верувања и обичаи

Бадник

Печати

БадникПравославните христијански верници го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.

Бадниот ден се прославува на 6. јануари, ден пред Божик, и е дел од божикните обичаи. Називот го добил според „бадник“-дрво кое на тој ден се сече и се пали на огништето на Бадниковата вечер. 

Повеќе...
 

Ако се пуштиш од некое високо место, во некое удолно и да не можиш да се качиш пак тамо, ќе ти куца работата и ќе падниш во сиромаштија

Печати

Мрачна шумаСтоејќи Ангеле берберо на една висока планина, не знам како беше му се потслизнала ногата наудолу, и `а ѓоа да се закрепи со другата нога, и со неа се слизнал и туку се смолзнал наудолу, да беше си паднал во едно долиште, што за триста страоји! Застануајќи на нозе, беше се опулил наугоре, од кај што беше паднал. Коа си клал раката над очи и го поглеал местото, триста страоји беше му влегле во срцето од многуто вишина што било.

Повеќе...
 

Здравици

Печати

 

ЗдравицаЗдравицата при наздравување воопшто не е лесна. Не само оти станува збор за избрани зборови со кои се упатува конкретна порака (се разбира позитивна), туку и поради очекуваната длабокоумност односно мудрост, па и искусност.

Во народот постојат и „специјализирани“ луѓе- здравичари, кои знаат посебни говори- здравици за посебни пригоди (запознавање, слави, ручек, вечера, пијачка...), но и за во посебни простори и собирања (на отворено- двор, тераса, во затворени простори).

Што е добра, успешна, за паметење здравица? Обично се крева чаша и...

Најважно е да се користи жив, јасен, директен јазик, пред се разговорен, кој предизвикува чувства „од прва“. Важно е и држењето при кажувањето- сите гледаат во вас и внимателно ве слушаат. С погледот треба да ги опфатите сите, полека, со внимание, потоа да го „наместите“ гласот, односно тонот, вокалната интонација, брзината, паузите, а водете сметка и на телото, движењата (на рацете, главата), држењето.

Водете сметка дека здравицата треба да трае не повеќе од 2-3 минути и на крајот да ја завршите со поента или клучна- најважна порака.

 

Повеќе...
 

Народно верување и толкување на сон

Печати

ЛејкиОд македонското народно творештво: народно верување за оти имаме коса на глаата и на друго место по снагата и толкување на сон- на сон да пеиш песна.

Повеќе...
 

Страница 1 од 5

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>