Време за приказ

Слика за спомен- приказ на еден поет

Печати

MaskiМојата пријателка живееше во луксузно и вкусно опремен стан. Тоа ме изненади кога првиот пат отидов кај неа. Никогаш не ми кажувала за стандардот на своите, дека нејзиниот татко минал години како амбасадор во богата земја и тоа му овозможило на семејството да му обезбеди живот на висока нога.

Повеќе...
 

Празнувањето

Печати

Abstract artМногу е поскромно од порано. Не во радоста, туку во задоволството. Ако малку го позагледам, ако малку пошироко го промислам, всушност e некако поубавo од порано. Подостоинствено, со поткренати глави, а не неведнати како до пред некоја година. Простосрдечно, просторадосно, простонародски. Скромноста во задоволството е токму она што човека го исполнува кога го среќава на минување и разминување. Тоа наспроти замисленоста, загриженоста, онеменоста.

Повеќе...
 

Зима Господова 1991

Печати

ЗимаКаков студ на душата, каков мраз околу срцето. Никој да не го запре, а секој да го поднесува и преживува како знае и умее. Како да сме немоќни, та стануваме рамнодушни пред ваква зима Господова: сува и без здив, со никаква игра во воздухот. Само мразен и премален чекор, да не надмине ниедно премреже.

Што им стана на луѓево? Ниту збор да прозборат, ниту очи да си видат. Бегаат едни од други помин да немаат. Се кријат во своите ѕидови, излегувањето надвор го свеле на нужност, колку да се видат живи и се уште на нозе.

Повеќе...
 

Знаење, познавање, препознавање

Печати

Графика-Го знаеш овој?

-Не, го познавам.

-А го препознаваш оној?

-Ма, нешто ми е познат, ама не ми текнува од каде.

Во дијалогов е суштината на проблемов за моја и ваша промисла. А тој, освен како насловот, може да се постави и вака:

Дали умееме и дали сме подготвени за нови луѓе во кои ќе имаме доверба, кои веруваме дека нема да изневерат?

Повеќе...
 

Страница 1 од 7

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>