Дали знаевте-13

Печати

Дали сте знаелеМожеби како потсетување на она што некогаш сте го научиле па сте го заборавиле, можеби како потврда на наученото- (о)сознаеното, а се разбира и како (до)дознавање- (до)сознавање. Важно е ако не се, барем повеќето од она што следи да ја поттикне љубопитноста за продолжение на истото, на првично откриеното или за сенешто ново.

 

1. Германскиот географ Аугуст Цојне прв во 1808. година го употребил поимот Балкански полуостров.
2. Единствено Нобеловата награда за мир се доделува во Осло (Норвешка), а останатите во Стокхолм.
3. Ролан Гарос е пилот кој прв го прелетал Средоземното море.
4. Печивото кроасан е по потекло од Австрија.
5. Персискиот владетел Дариј I прв го вовел принципот на штафета.
6. Последниот атински крал се викал Кодрос.
7. Огњеслав Костовиќ прв го направил цепелинот, и тоа 20 години пред грофот Цепелин.
8. Цицерон го добил името од латинскиот збор Cicero кој го означува растението леблебија.
9. Кока- кола на почетокот можела да се купи единствено во аптека.
10. Првиот авион што го конструирале браќата Рајт се викал Флаер.
11. Интернет пребарувачот Yahoo го добил името според ликот од книгата „Гуливерови патувања“ на Џонатан Свифт.
12. Болната опседнатост од чепкање на носот стручно се вика ринотилексоманија.
13.  Модната куќа „Hugo Boss“ ги шиела и дизајнирала нацистичките униформи на Вермахт.
14. Најстариот закон во историјата на цивилизацијата Ур е Наму законикот.
15. За прв „сексолог“ на светот условно се смета Ватсјајан, писателот на делото „Кама сутра“.
16. Византискиот цар Јустинијан II имал прекар Ринотмет, што во превод значи „без нос“.
17. Пенкалото го измислил хрватскиот научник Славољуб Едвард Пенкала.
18. Ватикан е единствената држава во која нема раѓање, а со самото тоа ниту природен прираст.
19.  Клонираната овца Доли го добила името според пејачката Доли Партон.
20.Мачката е единственото домашно животно што не се спомнува во Библијата.