Зимата е една од четирите сезони во умерениот појас, заедно со пролетта, летото и есента. Астрономски таа започнува со зимската краткоденица (зимски солстициј)- паѓа на 21. декември нма Северната и на 21. јуни на Јужната полутопка, а завршува со пролетната рамноденица (околу 21. март на Северната и 23. септември на Јужната). Тогаш ноќта е најдолга, а денот најкраток во годината. Воопшто, зиме деновите се најкуси во однос на останатите сезони, што варира значително во зависност од географската широчина, со најниски температури.
Во реоните повеќе оддалечени од екваторот има значителни снежни врнежи и високо ниво на влажност на воздухот; притоа се формираат виулици, а метеоролошки феномен е ледената магла која се формира од ледени кристали при многу ниски температури (под -30 °C).
Зимата на северната Земјина полутопка трае од дел од декември, цел јануари, февруари и во дел од март, а на јужната од дел на јуни, цел јули, август и во дел од септември.
Земјата се врти околу Сонцето еднаш во годината. Притоа, бидејќи патеката е елиптична, оддалеченоста од него се менува поради што се менува и количеството топлина која Земјата ја прима од Сонцето. Исто така, Земјата се врти околу својата оска, што е наведната за 23°27' (23 степени и 27 минути). Зимата настапува кога нејзината Северна или Јужна полутопка ќе биде најмалку изложена на Сончевите зраци, независно од оддалеченоста од него. Зимата на Северната полутопка настанува кога Земјата е најблиску до Сонцето, а тогаш на јужната е жешко лето.
Физички, Сончевите зраци зиме паѓаат под поголем агол, со што константната енергија која односната полутопка ја добива од Сонцето се дели на поголема површина. Тоа, пак, заедно со поголемиот пат низ атмосферата што таа топлина го минува, како резултат дава помалку примена топлина по единица површина и пониска температура, односно зима.
Натрупувањето на снег и лед- мраз е многу поголемо зиме на Северната полутопка. Во Јужната морската клима и соодветната елипса на Земјата јужно од 40-тата јужна паралела ги прават зимите помеки и поретко со снег и лед. Снегот го има секоја година на високите региони, како на пример Андите, Големата вододелна планина во Австралија и во планините на Нов Зеланд, а исто така и во регионот на Патагонија во Јужна Америка (источно од Андите и јужно од реките Неукен и Колорадо, на 42° јужно). Снегот се среќава во текот на целата година на Антарктикот, поради фактот дека кога на Јужната полутопка е зима Земјата е најоддалечена од Сонцето- предизвикува значително пониски температури одошто во Северниот појас во текот на зимата на Северната полутопка. Тоа објаснува зошто на Антарктикот се измерени најниски температури на планетата- апсолутниот минимум е -89.2 °C (-128.6 °F).
Зимата е период во кој мируваат повеќето растенија и животни. Најмногу од растенијата поради неможноста да се движат активно и биолошката особеност да се на едно место за да можат да вегетираат. Температурите се неподносливи, како и сончевото греење. Исто така, во тој период водата преминува во тврда агрегатна состојба лед- мраз и не може да се користи од растителните организми. Растенијата и животните создале најразлични механизми за заштита од ниски темпеатури- опаѓање на лисјата и др. (кај растенијата), а животните паѓаат во хибернација или тн. зимски сон во зимските легла. Ако бидат изложени на студ (што се случува при лоша подготовка или ослабена физиологија), водата во телата и органите на растенијата и животните замрзнува, при што настапуваат несогледливи биохемиски, физиолошки и механички промени во нивната структура. Формираните остри ледени кристали ги пробиваат клеточните ѕидови и мембраните, ги распукнуваат нежните крвни садови и спроводливите жили во живите организми, а што најчесто предизвикува смрт.
Зиме поголемиот дел од времето го минуваме во затворени простори во кои воздухот може да биде понечист од надвор, а греењето ја намалува влажноста на воздухот. Тоа може да му наштети на нашето здравје. Само неколку часа престој во простор со лош воздух можат да предизвикаат умор, забавување на размислувањето и поспаност. Последиците можат да бидат и полоши: постојан умор, нервоза, тешкотии со дишењето, астма, алергии, проблеми со синусите, кивање, главоболка и мигрени, вртоглавица...
Што препорачуваат стручњаците?
Воздухот во домовите и канцелариите можеме да го подобриме со помош на јонизатори кои испуштаат негативни јони. Тие буквално бараат позитивни јони (прашина, вируси, бактерии, непријатни мириси, дим од цигари...) и ги „принудуваат“ да паднат на тлото. Негативните јони се сосема природно средство за чистење на воздухот.
Јонизацијата можеме да ја видиме во природата- при промена на времето или за време на циклон. Големото зголемување на количеството позитивни јони пред невреме има лошо влијание врз тоа како се чувствуваме, а изразито зголемување на негативни по бура не освежува.
Слично е и во затворените простори- по јонизацијата квалитетот на воздухот значително се подобрува што му користи на здравјето, а и се чувствуваме подобро. Во некои земји јонизаторите ссе признати и како медицински помагала.
И количеството на влагата влијае врз тоа како се чувствуваме. Во домовите влажноста би требало да биде 40%, а за лицата кои имаат проблеми со дишењето и повеќе- до 60%. Релативната влажност посебно се намалува зиме, кога студениот и прилично сув воздух во топол простор додатно се суши. Затоа е препорачливо краткотрајно проветрување и додатно влажење со овлажувачи на воздух. На тој начин ќе избегнеме бројни здравствени тегоби- суви синуси, распукнати усни, очи што печат и болести на дишниот систем. Пренизок степен на влага во воздухот може да предизвика умор и послаба концентрација, а поради тоа во воздухот има повеќе прашина на електростатичен полнеж.
Исклучително е важно редовното и правилно одржување на овлажувачите на воздухот. Без редовно чистење и одржување може да дојде до развој на микроорганизми во нив, кои потоа заедно со влажниот воздух се распрснуваат во воздухот што го дишеме.
Еве неколку совети за нивно правилно одржување:
-менувајте ја водата секој ден. Не дозволувајте создавање на наслаги и микроорганизми, испразнете го садот со вода, исчистете го и исушете го, па повторно наполнете го со чиста вода. Следете ги упатствата на производителот;
-употребувајте дестилирана или деминерализирана вода. Иако не е точно утврдено дека употребата на вода од водоводот може сериозно да му наштети на здравјето, студии забележале дека минералите од таква вода можат да бидат распрснати во воздухот и да создадат наслаги. Исто така, минералите создаваат наслаги кои потоа можат да станат „гнезда“ за размножување на микроорганизми. Поради тоа се препорачува употреба на дестилирана или деминерализирана вода;
-редовно чистете го овлажувачот. Пред чистењето уредот исклучете го од струјата. Ако користите средство за чистење на база на хлор или некое друго дезинфекциско средство, добро измијте го садот пред повторната употреба за да избегнете вдишување на штетни хемикалии. Исто така исчистете ги и филтрите кога е тоа потребно.