Конецот на Аријадна-8

Печати

Pitanja-odgovoriЗа лесни и брзи одговори, а потоа за доодговори, нужно е прашањата да се формулираат кусо, едноставно, поттикнувачки, па и забавно односно духовито.
На пример вака (сосе одговори):

 

1. Аполон е бог на уметноста. Да или Не?
-Да, во грчката митологија. Тој е син на Зевс и Лета и едно од 12-те божества кои живееле на планината Олимп. Освен што бил бог на уметноста, тој бил и симбол на светлината. Секогаш е претставуван како мошне убав младич. Грчката статуа „Аполон Белведерски“ во Ватикан Албрехт Дирер ја сметал како пример на „идеален маж“.
2. Што е тоа флорет?
-Еден вид на меч долг 110 см, а тежок 500 гр.
3. Колку службени јазици има во Швајцарија?
-Четири: италијански, француски, германски и реторомански. Швајцарија се наоѓа помеѓу три јазични подрачја- се граничи со Италија на југ, со Франција на северозапад, со Германија на север и со Австрија на исток. Во 1938. е воведен чевртиот службен јазик- ретороманскиот, кој го говорат староседелците на оваа земја во Граубинден, на исток.
4. Каде се наоѓа Кочанско поле?
-Во Македонија, јужно од Осоговските планини. Опфаќа околу 240 км квадратни, а се наводнува од реката Брегалница и нејзините притоки.
5. Која боја има коњот дорат?
-Кафена односно темно- жолтоцрвеникава.
6. Што значи кратенката ТМОРО?
-Тајна македонско- одринска револуционерна организација. Основана е во Солун, есента 1893. година, а две години подоцна во неа влегува Гоце Делчев.
7. Каде е роден Итар Пејо и од кого бил поитар?
-Роден е во селото Градешница во Мариово, а слугувал од малечок и учел кај Насрадин- Оца. Токму од него е поумен, подосетлив, поитар, подуховит.
8.Луј Пастер ја добил Нобеловата награда за медицина во 1899. година. Да или Не?
-Не! Луј Пастер умрел во 1895. г., а првите Нобелови награди се доделени дури во 1901. г.
9. Старите Римјани говореле римјански?
-Не, латински. Уште во 1000 г. пр.н.е. тоа бил јазик на Латините, жители на Лациум, област во Италија во која е денес Рим. Подоцна тие се обединиле со останатите италски жители, ги прошириле своите граници и го создале големото Римско Царство. Класичниот латински јазик се формирал во текот на првиот век пр.н.е.
10. Колку години живеел Пикасо: 92, 68 или 80?
-Живеел 92 години, од 1881. до 1973. Пабло Руис Пикасо е еден од најголемите сликари на 20. век. Иако по потекло од Шпанија, тој од рана младост живеел и работел во Париз.
11. Кој го напишал „Лебедово езеро“?
-Петар Илич Чајковски, 1840- 1893. Премиерата на ова извонредно музичко дело на големиот композитор е одржана во Москва, во 1877. година.
12. Кој ја напишал песната „Хилјада и седумстотин шестдесет и второ лето“?
-Григор Прличев, авторот на „Сердарот“. Во својата „Автобиографија“ за неа напишал: „Таа песна ни помогна во исфрлањето на грцизмот многу повеќе од сите наши прежни подвизи“.
13. Каде има фјордови?
-Во Норвешка. Зборот „фјорд“ доаѓа од стариот норвешки збор за долг и тесен морски залив. Фјордовите настанале за време на леденото доба. Најпознатите се наоѓаат во Норвешка, но ги има и во Шкотска, Канада и Чиле. Залив сличен на фјорд е и Лимскиот залив на западниот брег на Истра, кој завлегува во копното близу 20 км.
14. Ако сакаш да се занимаваш со оригами, кој материјал ти е потребен?
-Хартија. Оригами е назив за вештина на свиткување на хартија во разни форми, по потекло од Јапонија. Јапонскиот збор „ори“ значи свиткување, а „гами“ хартија.
15. Кое море се наоѓа помеѓу Шведска, Финска и Полска?
-Балтичкото. Останатите земји чии брегови излегуваат на Балтичкоот море се Германија, Данска и Русија. Површината на морето изнесува 422.300 км квадратни, а најголемата длабочина му е 469 метри.
16. Како се вика античкиот град на римскиот пат Виа Егнација во близина на денешна Битола?
-Хераклеја Линкестид. Римјаните го зазеле по победата над македонскиот крал Персеј (168.г. пр.н.е.). Во доцната антика и во византиско време во неа било седиштето на епископот. Во 479. г. ја опљачкале Готите. На нејзиното подрачје се најдени многу споменици од железното, елинистичкото и римското доба.
17. Во македонската азбука гласот ѕ е звучен парник на ц. Да или Не?
-Не, парник му е на ц. Сите безвучни согласки освен х имаат свој звучен парник. Ги има следниве парови: б/п; д/т; г/к; в/ф; з/с; ж/ш; ѕ/ц; џ/ч; ѓ/ќ.
18. Што значи префиксот „гео“ во зборови како што се „географија“ и „геологија“?
-Грчкиот збор „гео“ значи земја, а „графеин“ пишување. Значи географијата е- земјопис. „Логос“ значи наука, истражување, а геологот е проучувач на составот и граѓата на Земјата.
19. Геџелик е ноќна капа, а гечме средниот дел од лулето?
-Да. Тоа се турцизми во македонскиот јазик.
20. Како се викала свештеничката на Делфиското пророштво чие мислење се ценело во цела Грција: Сибила, Уранија или Питија?
-Питија.