Колку авторите се авторитети? Да, зависи од создаденото- делото, неговите валоризирани вредности, особено универзалните елементи, аспекти, погледи, ставови итн., но и од (не)изградениот систем на вредности, нивната (се)присутност и заштита.
Да, авторското право е непосредно поврзано не само со авторот и неговото дело, туку и со неговиот авторитет. Го нема доколку тоа не се остварува без двојба и никакви отстапки, доколку нема санкции за негово загрозување, преземање- крадење, имитација на оригиналот итн.
Се разбира, авторитетот нема и не треба да врска со автократијата, авторитарноста и авторитарниот режим. Но ја има во лажниот и наметнатиот, во надреденоста и подреденоста, во наредувањето и послушноста; во стапот и морковот.