Таа никако да здивне. Таман се измерила себе си дека и покрај се ќе издржи, ќе опстои, одново почнуваат сомнежите, се изведуваат стручни, што ќе рече издржани, реални анализи со заклучок дека и нема спас. Некои се осмелуваат да тврдат дека е дури прашање на ден кога еврозоната ќе банкротира, ќе замине во минатото како тотално неуспешен обид на економско евроинтегрирање. А тоа едновремено значи и почеток на крајот на ЕУ.