Од совети глава не боли? Не само глава, ами не боли ништо здраво во вас, па и на вас за да не може да се...продаде. Потрошувачко општество? Не, туку бизнисменско.
Насловот на прилогов не може да биде попрецизен и за ептен „буквалистичко“ разбирање, па прифаќање: најважно денес е да се продадете добро, ма најдобро што може. Добро, се подразбира дека се мисли на она што го имате или поседувате како квалитет, од знаење до снаоѓање и назад, но се подразбира и дека треба да се подразбирате како стока која има цена само на пазарот.
Кетрин Капута, сопственичка на компанијата за брендирање „SelfBrand“, нуди некои мали тајни и трикови за тоа не како да се продадете што поскапо, туку како да се истакнете за продавањето на она што е дел од вас или е ваш производ да оди полесно. Добро е да ги запомните или да ги запишете. Може да ви помогнат кога ќе се најдете во шанса да се продадете: