Извор: Јутарњи лист
Година 2021. Финасиската криза и покрај предвидувањата не го потопи еврото, но во 2014., по тежок и турбулентен период, се распадна Европската Унија.
Новата фискална и политичка структура, Соединети Европски Држави, е утврдена со Постдамскиот договор откако Унијата ја напуштија Обединетото Кралство, Шведска и Данска.
Со цврсто јадро собрано околу нова Германија во новата политичка творба сега се и поранешните југословенски држави- Босна, Хрватска, Косово, Македонија и Србија.
По распадот на Белгија на Фландрија и Валонија, СЕД има 29 членки, две повеќе од поранешната Европска Унија...
Ниал Фергусон, контроверзен харвардски историчар, во „Волсрит Џорнал“ објави своја визија на европската иднина. Европа е прикажана драматично поинаква од визијата која денес ја спасуваат евробирократите во Брисел, иако не нужно и полоша за живеење.
Фергусон наведува дека Брисел е политички напуштен. Новото средиште на Европа е Виена. „Постои она нешто во наследството на Хабсбурговците што мултинационалната политика ја прави во Виена далеку позабавна отколку во кое било друго опкружување“, ја цитира Фергусон новата (измислена) австриска канцеларка Марша Радецки.
Се разбира, Виена е дел од голема Германија која по падот на владата на Ангела Меркел во 2013. и победата на идеите на радикалната антибанкарска фракција „Да го окупираме Франфуркт“ ја врати во крилото на социјалните демократи (СПД). СПД со радост го прифати заминувањето на непријатно невештите Британци и Скандинавците и ги наговори останатите членки на „оштрбената ЕУ“ на обединување во Соединети Европски Држави.
Како и Источните Германци пред обединувањето, европските јужњаци се соживеаја со идејата за трампа на животните вредности. Со петина од населението постаро од 65 и со петина невработени, тамошните жители ги сфатија сите вредности на задоволство во слободното време.
Купот евра кој се слева на нивните сметки додуша потекнува од сивата економија, повеќето се вработени како граиднари и батлери на богатите Германци во нивните резервни престојувалишта на сончевиот југ, но тоа повеќе никому не му пречи...Притоа, во тој „југ“ не влегуваат само крајбрежните Хрвати, туку и целиот југ на Франција (денес во Германија), цела Италија, Грција...
Дејвид Камерон е токму на почетокот од својот четврти премиерски мандат. Благодарение на среќната ѕвезда под која е роден, неволно попуштајќи им на евроскептиците во својата сопствена странка, одлучи да распише референдум за членство во ЕУ. Неговата либерално- демократска коалиција изврши политичко самоубиство приклонувајќи им се на лабуристите.
Распалуваната британска јавност од огнените лондонски таблоиди се изјасни против ЕУ (59 насто гласови) и власта одлучи да им ја довери исклучиво на ториевците кои добија апсолутно мнозинство во Парламентот. Англија е денес омилено одредиште на големите кинески инвестиции, а богатите Кинези се вљубени во своите раскошни лондонски станови и во новооткриените задоволства на шкотските ловишта.
Инспирирани од обновениот фински национализам, Швеѓаните, Данците и Норвежаните заедно со Исланѓаните ја основаа Северната лига откако ги одбија сите германски повици финансиски да ги потпомогнат потклекнатите држави на југот на Европа.
СЕД започна пристапни преговори со Украина. Германските бирократи возбудено најавуваат нова спогодба во Јалта која повторно ќе го подели истокот на Европа на зони на руски и западноевропски интерес. Извор близок на канцеларот Гот- Демерунг минатата недела се пошегува- „Нас не не загрижува тоа што Русите имаат нафтоводи се додека ние можеме да ги задржуваме црноморските капалишта“.