Одамна укажувам (во континуитет) на манипулациите што ги прават некои агенции и квазиагенции за испитување на јавното мислење во врска со рејтингот на медиумите.
Одамна е откриена (и од мене, многупати истакнувана и конкретизирана) спрегата помеѓу агенциите за маркетинг и агенциите за „рејтинг“ на медиумите. Едните со другите се „покриваат“, „соработуваат“, па тешко му на оној медиум или медиумски проект чиј автор ќе почне да ja открива пред јавноста таа „папочна врска“, за тоа јавно ќе проговори, ќе се спротивстави, ќе реагира, ќе критикува.
И ако бил (медиумот) на некое од „последните“ места на „рејтинг листите“ (во наводници оти тоа не се), веднаш потоа едноставно ќе се избрише. Што би требало да значи дека не е слушан- гледан, не е популарен и, следствено, не е „интересен“ за маркетинг, поточно за реклама односно спонзорство. И му нема спас. Се разбира, ако исклучиво зависи од пазарот, поточно ако не е под нечиј „патронат“.