Економски лексикон

Енциклопедиски одредници од областа на економијата-бизнисот: Пазар на капитал, пазар на пари, пазар на трудот.

Печати

Trziste rada

Основата на пазарот на капитал (англ. capital market) е долгорочниот капитал, односно купопродажбата на долгорочни хартии од ведност. Тој е дел од финансискиот пазар кој го опфаќа и пазарот на пари. На пазарот на капитал претпријатијата се снабдуваат со капитал за финансирање на нивните развојни програми, што е од исклучителна важност за работата и проширувањето на нивната дејност.

Повеќе...
 

Безработица- Невработеност

Печати

НевработеностТаа е присутна во поголема или помара во секое општество, во сите држави, без можност целосно да се совлада. Се чини дека ќе остане макар во најмал процент и во која било форма како загрозувачки придружник во животниот, а пред се работниот циклус на човекот.

Заложбите и активностите на секоја власт, на секоја влада се таа да се намалува, да се намали во поднослив процент кој нема да го загрози севкупниот развој, а од друга страна нема да предизвикува егзистенцијални, социјално- економски и секакви други лични и колективни проблеми.

Повеќе...
 

Економски науки*

Печати

Abstract artСтанува збор за општествени науки кои ги проучуваат односите помеѓу луѓето во процесот на производството, размената и потрошувачката на материјални добра. Тие ја проучуваат општествената страна на производството и распределбата на добра (за разлика од агрономијата, металургијата и др. кои се занимаваат со техничката страна на процесот на производството), т.е. системот (структурата) на сите производствени односи кои произлегуваат од историски одредената положба на луѓето спрема средствата за производство, и вкупно сите оние мерки кои тие групи ги подразбираат поради остварување на своите посебни економски интереси.

Повеќе...
 

Монопол, монополска цена, монополска продажба

Печати

Abstract artМонополот во економската теорија се дефинира како пазарна состојба во која на страната на понудата постои само еден продавач, а на страната на побарувачката многу купувачи. Ваквиот монопол се нарекува целосен или чист.

Повеќе...
 

Страница 1 од 5

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>