Има многу безвредности во животот, а многу повеќе вредности за мене, за тебе, за нас, за сите. Безвредностите не следат на секој чекор, ни се наметнуваат, не опседнуваат, дури лесно не освојуваат, а вредностите се секогаш на дофат на раката, на мислата, на свеста, смислата и сушноста на опстојот, та од нас зависи колку ги прифаќаме како дел од сопствениот свет.
Оној што создал или создава вредност е за длабока почит, признателност и поклонување пред неговото достоинство. Секој што го унижува, ништожува или исмејува го заслужува неговиот презир.
Рекле за вредноста: