Во опасност сме на секој чекор, во секој миг, постојано? Не, ами секогаш кога откриваме, создаваме, совладуваме или освојуваме. И тоа не подеднакво. Во најголема сме во пресвртни, радикални промени, сеедно дали се однесуваат на нас или на други.
Опасноста најчесто ја изедначуваме со загрозата, а не треба. Треба да ја познаваме и препознаваме најмногу како предизвик на храброста.
Што рекле мудри луѓе за опасноста:
Секој ден на човекот од човек му се заканува опасност.
Луциј Анеј Сенека
Кој разгорува кавга меѓу луѓето, нека не заборави дека на човек кој разгорува оган лесно може искра да му падне в очи.
Луциј Анеј Сенека
На секој врв се наоѓаме над провалија.
Станислав Јержи Лец
Ништо не е толку моќно да не му се заканува опасност од слабо.
Квинтиј Курциј Руфус
Само од ладнокрвно животно каснувањето е отровно.
Артур Шопенхауер
Од застоена вода очекувај отров.
Вилјем Блејк
Пред да се фрлиме во опасност, треба да ја предвидиме. Но, кога сме веќе во неа, треба да ја презреме.
Франсоа д Салињак Фенелон
Треба да се вардиме повеќе од себе си, одошто од своите непријатели.
Јован Дучиќ
Само во опасност можеш да ја искусиш својата постојаност, зашто е таа камен на искушението за душата и телото.
Мохамед Икбал
Кој никогаш не бил во опасност, не може да ја знае својата храброст.
Наполеон I Бонапарта
Полесно е да се остане надвор од опасност, одошто од неа да се извлечеш.
Марк Твен