2.091.Телешка чорба
Влегува човек во ресторан и нарачува телешка чорба. Келнерот ја носи и си оди. Човекот збунето ја меша со лажицата и го повикува келнерот:
-Келнер, Ве молам...
Келнерот доаѓа и човекот почнува да му објаснува дека во неговата телешка чорба нема ни малку месо.
-Јас не знам ништо!-, одговара тој.-Еве, ќе го повикам шефот на кујната, па видете со него.
Доаѓа шефот и човекот му вели учтиво:
-Добро бре, шефе, во мојава телешка чорба нема ни грам телешко!
Шефот:
-Сте биле ли Вие во војска?
-Сум бил.
-Сте јаделе војнички грав?
-Сум јадел.
-Па, дали во него има војник?
2.092.Лудак на автопат
Се вози Столе на автопат и слуша вести. Вест:
„Совет на возачите- Еден лудак вози на автопат во спротивен правец!“
Столе коментира:
-Ма, како еден, илјада!
2.093.На испит
На факултет почнува испит и професорот прашува студент:
-Дали ние веќе сме се виделе?
-Да, во минатиот испитен рок.
-Добро, се надевам дека сега ќе биде подобро. Кое беше првото прашање што ви го поставив минатиот пат?
-„Дали ние веќе сме се виделе?“
2.094.Појадокот на алкохоличар
Разговараат двајца алкохоличари:
-Другар, дали си појадувал?
-Ни капка!
2.095.Возачка сенилност
Полицаецот:
-Госпоѓо, дали знаете дека сте ја пречекориле дозволената брзина?
Госпоѓата, која има 85 години, мирно одговара:
-Знам синко...Но јас морам да возам брзо пред да заборавам каде одам.
2.096.За мажачка на плавуша
Перспективен брачен сопатеник прашува искусен со плавуши:
-Како да натерам една плавуша да се омажи за мене?
Искусниот одговара:
-Само кажи и дека е бремена!
2.097.Грандоман
-Значи, Вие сте сега целосно излечени од грандоманија,- му вели психијатар на младич кого го отпуштаат од болница.
-Многу Ви благодарам, докторе, што ме излечивте од таа глупава болест. Дозволете ми да Ви врачам чек на сто милијарди евра!
2.098.Плавуши и кокошки
-Која е разликата помеѓу 10 кокошки и 3 плавуши?
-Седум.
2.099.Сон
Училишниот психолог го прашува Буле:
-Што би сакал да работиш кога ќе пораснеш?
-Сонувам да заработувам 20 милиони месечнo, како татко ми.
-Зарем татко ти заработува 20 милиони месечно?!- прашува вчудоневидено психологот.
-Не, тој исто така сонува за тоа.
2.100.Туѓо не може ни во ресторан
Влегува тип во ресторан и седнува за една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а тој:
-Го сакам она што го јаде оној господин.
По неколку минути се враќа келнерот со модрина на едното око и вели:
-Жалам, не дава.